Дали е ова новата холивудска љубов?

Џаред Лето и Лупита Нионго оваа година добија Оскар, а медиумите веќе некое време шпекулираат дека овие нови миленици на Холивуд се во врска.
Познатиот актер Џаред Лето и Лупита Нионго славеа истата вечер за добиените Оскари во категоријата за најдобра споредна машка и женска улога.

Foto: Instagram, lupitanyongo

Светските медиуми сега шпекулираат дали актерите се во врска? Се зборува дека Лупита е во врска со раперот K’Naan, но по selfie-то од Париз сè повеќе и повеќе изгледа дека го сака Џаред.

Актерите се наоѓаат во Париз на доделувањето на филмските награди „Spirit Awards“. Џаред за време на говорот на наградите ја споменал и Лупита. „Сакам да им се заблагодарам на сите жени кои биле и оние кои мислат да бидат со мене. Јас исто така би сакал да се заблагодарам на мојата идна-поранешна сопруга, зборувам за Лупита.“

Оскаровката во емисијата на Елен рече дека слушнала толку многу гласини за врската со Џаред, што се запрашала што е вистина, а што не е. Меѓутоа, ниту демантираше ниту потврди дека е во врска со него.

- Реклама -