Вчера беше убава вечер за капитенот на македонската фудбалска репрезентација – Горан Пандев. На дуелот со Верона, тој го постигна третиот гол за Џенова и ја запечати победата, и тоа со прекрасен гол.
Пандев доби шанса и влезе во 81. минута од натпреварот, а му требаа само 11 минути за во 92. минута да ја потврди победата на „Грифоне“ од 3:1 за мирна завршница на сезоната без стравувања од испаѓање, со еден од најубавите, а за некои и најубавиот постигнат гол во својата кариера.
Џенова по 34 кола во Серија А е на 12. место со 38 поени, додека Верона е претпоследна со 25 поени и најверојатно патува во Серија Б следната сезона.