Дали е ова најсиниот водопад во светот?

Иако можеби оваа фотографија ќе ви се чини премногу прекрасна за да биде реална, и веднаш ќе ја поврзете со разните алатки на Фотошоп, сепак, тиркизниот водопад Рио Селесте постои, и е вистинско ремек дело на природата.

Истоимената река се наоѓа во националниот парк Тенорио Волкано во Костарика, а за нејзината боја се виновни вулканските минерали кои се наоѓаат под површината.

Да се доживеат убавините на ова место не е воопшто едноставна задача. Имено, треба да се оди пеш повеќе од еден час низ тропска дождовна шума која изобилува со прекрасни сини пеперутни, но и со опасни отровни жаби.

Сепак, долгата прошетка со сигурност вреди, бидејќи погледот кој се открива на крајот секогаш ги остава без текст љубопитните авантуристи.

805_tenorio-volcano-national-park-1330401432 1915873856534944be93fa3757577673_orig riocelest4 rioceleste RioCeleste rio-de-color-azul

- Реклама -