Samsung објавува реклама за новиот гаџет smartwatch, достојна за Божиќните прзаници во која go предизвикува Apple.
Samsung се чини дека е главен фаворит оваа сезона во конкуренција за најкичестата реклама.
Рекламата за Galaxy Gear smartwatch, која се појави овој викенд, е мета на смеење поради „здрвената“ глума, чудниот дијалог и начинот на кој е фален производот.
Smartwatch-от од 290 долари има способност да го сихронизирате со други Samsung производи преку употреба на Bluetooth. Тоа значи дека корисниците можат да остваруваат повици, земаат слики и пуштат музика и сето тоа со допир на нивните зглобови. Погледнете за што поточно станува збор.
Наравоучение од рекламата: Samsung Galaxy Gear ќе ви помогне да ја добиете девојката! 🙂