Милиони гледачи во Србија на минатовечерното издание на 59 коло на игра на среќа „Лото“, не можеа да поверуваат на своите очи кога се појави петтиот број, кој прво се појави на екранот, а дури потоа беше извлечено топчето со тој број.
По, навидум регуларното извлекување на првите три броеви (4, 33, 12) дојде на ред четвртиот број.
Беше извлечено четвртото топче со број 27, но на екранот прво се појави број 21, а потоа 27 како петти број.
Откако и водителката малку се збуни, направија мала пауза поради наводни технички проблеми, а потоа следуваше извлекувањето на шестото и седмото топче.
Со оглед на тоа дека емисијата Лото оди во живо, голем дел од гледачите реагираа дека играта е наместена.