Дали е нормално секој ден да се има секс?

Има ли нешто лошо во тоа да се води љубов секој ден? Можеме ли така да се повредиме или, пак, тоа претставува некаков психички проблем?

Генерално нема ништо лошо во секојдневниот секс, се додека двајцата партнери се задоволни со тоа. Водењето љубов седум или повеќе пати неделно се смета за повеќе од просекот, кој изнесува два пати неделно.

Меѓутоа, многу двојки во медениот месец чувствуваат голема желба и имаат секс секој ден и тоа е сосема во ред. Тоа е дел од здравиот сексуален жуивот и ја одржува страста што партнерите ја чувствуваат еден кон друг.

couple-love-photography-sex-shower-Favim.com-323249

Доколку партнерите се во врска повеќе години, а и понатаму секој ден уживаат во сексот, многу ќе коментираат со речениците „Како можете?“ или „Во што е вашата тајна?“.

Поврзувањето низ сексот е одличен начин за зацврстување на врската. Проблем настанува кога едниот партнер не сака толку често да ужива во сексот колку другиот и тогаш за да се има секс треба да се „преговара“. Повеќето партнери во некој момент од врската се соочуваат со овој проблем, а јасната и отворена комуникација е најдобар начин за двајцата партнери да бидат задоволни.

tumblr

Друг проблем е ако партнерите се толку фокусирани на секс и не знаат да се поврзат на друг начин. Сексот може да биде одличен начин за поврзување, решавање судири и извор на задоволство и забава, но тој никако не смее да биде единствена активност во која двајцата партнери еднакво уживаат.

Без разлика дали сте сингл или во врска постојат знаци дека вашиот секојдневен секс се граничи со сексуалната или љубовната зависност. Ако многу често размислувате за секс, ја планирате вашата следна сексуална активност, сакате секс во поголемиот дел од денот или ноќта и поради тоа не можете да се фокусирате на работата, учењето и дневните обврски, тогаш тоа е навистина проблем и треба да побарате помош.

- Реклама -