Па, како настануваат деца? Според една неодамнешна онлајн анкета во САД која е спроведена од универзитетот Јеил, се чини дека многу жени не ги знаат основите. Не можеме да дочекаме да направат слично истражување и на мажите.
Од илјада жени на возраст помеѓу 18 и 40 години, добар дел од нив погрешиле во следново:
– 50 проценти од нив веруваат дека ќе ги зголемат шансите да забременат ако имаат односи неколку пати во денот.
– Повеќе од третина сметаат дека одредена секс-поза ги зголемува шансите да забременат.
– Околу 20 проценти од нив немаат идеја дека возраста може да влијае на плодноста.
– 30 проценти од нив не се свесни за фактот дека сексуално преносливите болести можат да влијаат на плодноста.
– 20 проценти не се свесни дека дебелината може негативно да влијае на плодноста.
– 40 проценти од нив сметаат дека жените произведуваат нови јајце клетки во текот на плодните години (всушност, количината е одредена денот кога ќе се родиме)
Жените, според истражувањето, ја преувеличуваат својата неплодност. Поконкретно, 40 проценти од нив сетаат дека го имаат тој проблем, додека пак проблем со тоа имаат само 10 проценти.
„Тоа е многу загрижувачко дека во земја каква што е САД, значителен број на жени не ги знаат овие основни работи“, вели водителот на истражувањето, др. Лубна Пал, професор по акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на универзитетот Јеил.
„Резултатите покажуваат дека многу жени не ги знаат основите на женската биологија“, вели др. Пал. „Дури 40 проценти од нив не знаат дека овулацијата се случува 14 дена пред следната менструација. Таа информација е важна за жените кои сакаат да забременат, како и за оние кои не сакаат.“