Се слабее ли со добар појадок?

Има многу различни и контрадикторни мислења за наводниот „најважен дневен оброк“.

„Појадокот е основен“!

„Не, прескокнувај  го појадокот и убаво ручај, ќе изгубиш на тежина“.

„Бел леб? Никако“…!

Но, сериозно – кому да му се верува кога е во прашање појадокот?

Според Мелиса Мајумдар, диететичар од Women’s Center for Metabolic and Bariatric Surgery, појадокот е клучниот извор на хранливи материи и калории.

Прескокнувањето на утринските јајца на тост повлекува бројни неочекувани последици. Без појадок ќе ни недостасува препорачаното количество витамини и минерали бидејќи овие здрави супстанци обично се внесуваат на почетокот на днот, вели Мајумдар.

Неодамна, истражувањата покажаа дека луѓето кои прескокнуваат појадок согоруваат повеќе калории, но затоа се изложени на ризик од воспаленија и од паѓање на шеќерот. Прескокнувањето на појадокот ретко се поврзува со губањето на тежината зошто појадокот обично нема никаква врска со горењето, а редовната утринска исхрана помага во одржувањето на здравата тежина.

Според истата теорија недостатокот на утринските калории обично се компензира со пообемни оброци околу ручек или вечера. Сценариото е добро познато: не стигнуваш да појадуваш, па веќе околу пладнето низ главата ти се мота некое мрсно тестенце наместо протеинската салата. Сепак, секое тело реагира на свој начин на редовното избегнување на појадокот, што кај некои жени навистина резултира со губење на тежината, велат научниците.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Од содржината на самиот појадок зависи колку енергија ќе имаш до крајот на денот. Мајумдар препорачува протеини и влакна, бидејќи оваа храна поспоро се вари и така подолго ги задоволува енергртските потреби на телото.

И да не заборавиме, вели Мајумдар, доколку за ручек или вечера планираш да јадеш салата, риба и зеленчук, слободно заслади се наутро. Треба да се има предвид пошироката слика и вкупниот дневен внес на храната, а не поединечните оброци. Но, доколку наутро внесуваш масно и слатко, а подоцна се стремиш кон истата храна па за ручек јадеш пица, а навечер чоколадо, обиди се да ги смениш утринските навики.

 

- Реклама -