Не само што често ни е клучна работа во деловната комуникација, туку речиси и да нема човек денес кој не троши време на социјалните мрежи или мобилните видео игри.
Меѓутоа, една компанија одлучи да создаде натпревар за промовирање на „живот без екран“.
Станува збор за бренд на јогурт наречен „Siggi’s“, а од натпреварувачите се бара да издржат еден месец без мобилни телефони, додека како мотивација е понудена парична награда од 10.000 долари.
„Digital Detox Program“ е името на овој натпревар, а идејата е едноставна – ги поттикнува луѓето да ги остават телефоните и да се посветат на поздрави навики. Најдобро од сè, кандидатите не мора да докажат дека успеале, објави Unilad Tech.
Наместо тоа, компанијата бара од натпреварувачите да напишат есеј во кој ќе објаснат зошто мислат дека би била потребна „дигитална детоксикација“ или како тоа би им го променило животот.
За жал, овој натпревар е отворен само за жителите на САД, но барем создадовме анкета каде што можете да гласате дали би поминале еден месец без вашиот телефон за оваа парична награда.
Извор: b92.net/