Швајцарецот Пабло Кумин не е обиечн фризер, туку и моден креатор кој прави смели фустани од човечка коса.
Иако има само 23 години, Кумин е веќе еден од швајцарските модни дизајнери кои на себе привлекуваат најмногу внимание. Неговите креации се направени од коса, а секое парче бара стотина часа работа.
На почетокот уметникот користел коса, која била исечена од муштериите во неговиот салон. Денес, сепак, има свој спонзор кој му ја набавува косата.
Фотографиите од неговите фустани се објавени во бројни модни магазини.
Сепак, Кумин не е единствениот стилист кој дошол до идејата да прави облека од коса.
Овој тренд е се повеќе популарен во последните години, а доказ за тоа е и фустанот на Лејди Гага во 2010. година, со кој што таа настапи во Њујорк.