Славната актерка, која ја стекна популарноста со улогата на фатална жена во „Basic Instinct“ и денеска изгледа одлично и покажува дека грижата за изгледот ѝ е опсесија број 1.
Откако пред дваесетина години сексипилот стана нејзино второ име, Шерон Стоун знаеше уште тогаш дека мора да внимава на имиџот во јавноста.
Токму тоа и се случи. Шерон Стоун стана свесна за своето тело, како и за својата убавина и затоа се фрли на проучување на „beauty“ индустријата за да ги дознае сите актуелности на тоа поле.
Денес, во 55. година од животот, Шерон изгледа еднакво добро како и на почетокот на кариерата, а папараците ја уловија на аеродромот LAX во Лос Анџелес.