Дали Анѓушев ќе прифати повторно функција доколку го покани ВМРО-ДПМНЕ?

Откако вчера ја предложи Мила Царовска за вицепремиерка за економски прашања во Техничката влада, премиерот Заев денеска се поздрави со Кочо Анѓушев кој пред две и пол години беше на функцијата вицепремиер за економски прашања.

Анѓушев рече дека ова нема да биде последна функција туку дека тоа се однесува само на овој владин состав. Иако изјави дека за него е прифатлива е прифатлива таква политика каква што се водеше до сега, кога беше прашан дали доколку победи ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 12 април и му предложи функција, Анѓушев рече дека не може да одговори на хипотетичко прашање.

Но за премиерот Заев ова може и да не е последна конференција. Тој не појасни дали доколку на 3 јануари се промовира некоја нова инвестиција, ќе учествува Анѓушев или тој повторно може да биде државен функционер.

Инаку, на последната прес конференција, Анѓушев извести дека странската компанија Аутомотив Дуро ќе гради две фабрики во Северна Македонија каде ќе се произведуваат делови за автомобилската индустрија. Се предвидува овие две компании да остварат 1000 вработувања.

- Реклама -