Фарбањето живи овци и добиток е новиот медиумски хит во Шкотска. Еден фармер го обоил своето стадо црвено со цел да ги забавува моторџиите кои минуваат и воедно да ја разбие монотонијата на пасиштата.

Овој потег толку многу им се допаднал на сите во околината, што сега останатите фармери размислуваат за дополнителни бои како ознака за нивното стадо. На животните најверојатно не им пречи, бидејќи се користи боја која не е штетна за нивната кожа и ќе остане додека не ја измие првиот дожд.