Далај Лама се извини откако бакна момче во уста и побара да му го „смука јазикот“ (ВИДЕО)

Далај Лама, 85-годишниот врховен поглавар на тибетските будисти, ѝ се извини на јавноста откако се појавија обвинувања за скандалозно однесување затоа што бакнал младо момче во уста и побарал од него „да му го смука јазикот“ на настан во Индија.

Најсветата личност во тибетскиот будизам му кажа на момчето да дојде кај него, а потоа му покажал на образите и рекол „прво овде“, по што детето го бакнало, пишува денеска Гардијан.

Британскиот инфлуенсер Оли Лондон, кој го објави ова видео на Твитер, опиша дека Далај Лама сексуално нападнал дете, па нагласи – зошто медиумите не зборуваат за ова? Далај Лама потоа го задржал момчето, велејќи „мислам и овде“, а потоа додал „и цицај ми го јазикот“, вадејќи му го јазикот надвор, чело до чело со момчето.

Детето брзо го извадило јазикот и сакало да се помрдне, додека Далај Лама се смеел и го влечел назад кон себе, по што и публиката се смеела на ова.

Овој бизарен чин брзо се прошири на интернет, а многумина го осудија овој потег, нарекувајќи го непримерен, скандалозен и одвратен.

По големиот притисок од јавноста се огласија и од кабинетот на Неговата Светост.

„Неговата Светост сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на многу пријатели ширум светот, за болката што можеби да ја предизвикале неговите зборови. Неговата Светост често се шегува на невин и разигран начин со луѓето што ги среќава, дури и јавно и пред камери. Жали за инцидентот“, се наведува во соопштението.

Овој настан се случи на крајот на февруари во храмот Далај Лама во Дармашала. Далај Лама живее во егзил во Индија од 1959 година.

МИА

- Реклама -