Мислам дека жените треба да добиваат важни улоги.
Но, женскиот Далај Лама би морал да има убаво и атрактивно лице – изјави спиритуалниот водич Далај Лама и додаде дека не постои причина зошто не би го заменила жена. Според него жената е биолошки одредена да покаже сочувство и емпатија.
Во разговор со новинарите за Би-Би-Си, Далај Лама се присети на коментар кој го даде по ова прашање.
„Мислам дека на жените треба да им се додели важна улога. Но, женскиот Далај Лама би морал да има убаво и атрактивно лице“, рече тој.
Нервозниот француски новинар го праша дали се шегува, на што духовниот водич изјави дека е многу сериозен.
Далај Лама кој годинава ќе го прослави 80-от роденден замина на духовна турнеја за Лондон, поради бегалската криза.