Кејт Мидлтон и принцот Вилијам своето второ дете, планираат да го кртстат по мајката на принцот Дајана, доколку биде девојче.
Принцот Вилијам и неговата сопруга не се изненадени за тоа што ќе добијат второ дете бидејќи, како што велат, тоа било планирано. Војвотката и во втората бременост, исто како и во првата, има проблеми со мачнини, но одбила да остане во болница и решена е бременоста да ја помине дома.
Извор близок на парот вели дека тие го избрале името уште за време на првата бременост. Принцот на тој начин сака да и оддаде почит на својата покојна мајка. Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.
Вилијам и Кејт го имаат синот Џорџ, а второто дете треба да го добијат на почетокот на јануари.