Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се разведуваат по 13 години во брак

Шушкањата дека Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс се разведуваат се покажаа точни.

Слaвната холивудска двојка решила да направи пауза по 13 години во брак.

68-годишниот Даглас моментно престојува во Сардинија, додека 43-годишната актерка е во Њујорк.

Двојката не е видена заедно во јавност веќе неколку месеци. Кетрин и Мајкл имаат две деца – синот Дилан Мајкл и ќерката Карис Зета.

- Реклама -