Дачиќ призна дека згрешил кога рекол дека на видеото од Бањска се гледа снег

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска призна дека згрешил кога рекол дека на видеото од Бањска на кое се гледа Милан Радоичиќ, објавено од косовските власти, се гледа дека видеото не е од тој ден и тој настан.

За белградските медиуми тој рече дека било негова грешка и потенцираше дека не сака никому да наштети или да оправда некого.

Според Дачиќ, важно е сите да бидат свесни дека настаните во Бањска се една од најтешките ситуации од 2004 година и дека Србите се изложени на теророт на косовскиот премиер Албин Курти. Меѓутоа, рече тој, дел од меѓународната заедницата сака да ја префрли одговорноста само на Белград.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Дачиќ додаде и дека косовскиот премиер Албин Курти нема да го спроведе Бриселскиот договор и го обвини дека тој е единствениот виновник за ваквите случувања.

Дачиќ посочи и едка се поставува прашањето за акумулацијата на српската војска на административната линија, а дека никој не прашува за косовските сили на северот на Косово, при што повтори дека бројот на припадниците на српските вооружени сили на границата со Косово всушност се намалува.

Извор: МИА

- Реклама -