Лажни информации, искрени лаги, лажнa или манипулативнa верзија на вистински настани – колку полесен станува пристапот до вести и коментари во електронските медиуми или социјалните мрежи, толку потешко се докажуваaт вистинските факти.
Иако се чини безопасна – лажната вест е само капка во водопадот од манипулации и пропаганда, која одекнува на нашиот простор.
Пропагандата во условите на информациска војна не е воопшто безопасна активност.
Таа се заснова на конкретни идеолошки референци кои се пренесуваат од медиумите со цел манипулација на јавното мислење и контрола на однесувањето на луѓето.
Главната задача на пропагандата е да обезбеди реална превласт на одредени социјални групи над целото општество.
Земјите од пост-советскиот простор и Балканот се едно од полињата, натопени во најголема мера од овој тип дезинформации.
Со помош на шефот на мониторинг, група од белоруското здружение на новинари Алесја Антипенко, локалниот сајт Mediakritika.by прави прилично детална анализа на најважните техники и средства на пропагандата.
Благодарение на овие 14 знаци секој човек може да ја препознае во секојдневниот информативен хаос.
1. Искривување на информациите и создавање на веродостојна, но лажна слика на светот преку лаги, фалсификати и замена на концептите
Кон крајот на октомври 2014 година државната телевизија на Белорусија почна да ја емитува емисијата “Правата на човекот – Поглед кон светот” на Евгениј Новиков, во која што авторот тврди дека во Украина се организираат десетици масовни погреби на цивили убиени од Националната гарда и од националистите.
Во своите коментари Новиков не прави никаква разлика помеѓу официјалните власти и екстремно десничарската група, тврдејќи дека единствената причина за “геноцидот” против мирното население е неговата желба да зборува на руски јазик на домашен терен во Донбас.
2. Повикување на непостоечки авторитети
Тоа е метод кој се базира на линкови кон авторитети, религија, историја или други извори, со цел да се потврди некоја пропагандна порака.
Во вклучувањето влегува и упатувањето на непостоечки странски изданија или сајтови, говори, “сведоштва”, како и употреба на манипулирани податоци од анкети. Слична поддршка може да се црпи и од онлајн-анкети на гледачи и слушатели, чии што резултати се претходно дефинирани.
Од примери од овој тип не сме лишени и ние, и тоа не е нешто што е ново – така било отсекогаш тука.
Руската пропагандна машина сепак е уште поинформирана. Едно од највлијателните изданија во Европа – Der Spiegel – го објави написот “Пропагандата на Кремљ: Германските агенти на Путин”.
Во материјалот се раскажува за тоа дека про-кремљските руски медиуми се повикуваат на непостоечки германски “експерти”.
Еден од најпопуларните германски коментатори во руските медиуми се испоставува проф. Лоренц Хааг, чие што име не е споменато во ниту еден весник во Германија во последните 25 години. Ниту еден од руските медиуми, кои ги шират “анализите”, не наведуваат во кој научен институт работи професорот.
3. Презентација на настаните во црно-бели контрасти
Изборот на информациите понекогаш е поважен од самите информации.
Како што вели една стара анегдота: Почнуваат вестите. Портпаролот почнува да чита: “Во САД убиваат црнци. Во Амстердам организираат геј-парада. Во Јапонија удри земјотрес. Во Украина се одржа фашистичка поворка, а кај нас времето ќе биде сончево”.
4. Премолчување на фактите, кои би ја уништиле пропагандната порака; селективно лизгање на информациите
Сите ја знаат приказната за соборениот малезиски Boeing 777, над Украина. Познато е уште дека руската и украинската страна продолжуваат да се расправаат и да се обвинуваат меѓусебно за смртта на 298 лица во несреќата на летот MH17.
Конфликтот меѓу двете земји сепак се манипулира преку масовно ширење на конспиративни теории и лажни информации во врска со несреќата.
Неколку примери: про-руските сепаратисти на место не располагале со противракетни лансери, кои би можеле да урнат сличен авион; Украинските сили го удриле Boeing 777 при неуспешен обид да го урнат владиниот авион на Владимир Путин; и најбруталната лага – труповите на патниците од MH17 не биле “свежи”.
За сметка на тоа се премолчуваат масовните поплаки од страна на мисијата на ОБСЕ, на чии што пратеници не им беше дозволено да се приближат до местото на несреќата во текот на денот.
5. Крадење на вниманието од реалните и актуелни проблеми кон неважни прашања
Секое чудо – за три дена, а по три дена – ново чудо. Вниманието на јавното мислење тешко се задржува врз конкретен проблем за подолг временски период, колку и сериозен да е тој.
Доволно е во екот на финансиската или политичката криза да се најде “сензационален материјал”, кој ќе ги замени актуелните теми во централните вести и утринските блокови.
6. Клевети и навреди
Ширењето на клеветнички информации или навредливи тврдења се смета за кривично дело.
Дури Кривичниот законик сепак не може да го сопре летот на невкусни фантазии, кога се работи за шиканирање на политички противник. Парадоксот се случува секогаш за време на предизборни кампањи.
7. Употребата на специфичен вокабулар, користење на говор на омраза, игнорирање на принципите на новинарската етика
Ова сигурно ви звучи познато. Демонстрантите се “протестанти” и “соросоиди”, а приврзаниците на западните вредности се геј и дрогираши.
8. Користење на предрасуди и стереотипи; примитивен однос спрема ситуацијата, доведува до апсурд на објектот на пропагандната порака
Рускиот телевизиски презентер Дмитриј Киселеов веќе стана meme како светол пример за примитивизација на јавната дебата.
Едно од најпопуларните е тврдењето дека во телефонски разговор Барак Обама го молел Путин за милост.
9. Пумпање на ситуацијата. Креирај чувство на анксиозност, опасност, страв, хистерија – и обратно – чувство на еуфорија, гордост од власта, од економскиот и политичкиот систем на земјата
Кога секоја опозициска акција се дефинира како “државен удар”, “предавници”, и др. односот спрема различното политичко мислење се радикализира. Дебатата не се води веќе меѓу еднакви граѓани, туку меѓу непријатели. На војна – како на војна.
10. Користење на интриги и драматизирање со цел привлекување на гледачот на “вистинскиот пат”
Свеж пример е друга не! Вест произведена во Русија: “Русите ги осудија сурово насилствата врз 13-годишна Русинка во Германија”.
Интригата почнува две недели по немирите во Келн на Нова Година. Руската државна телевизија “Прв канал” пушта репортажа од Берлин за ученичката Лиза, за која се тврди дека е киднапирана и силувана од Арапи-мигранти.
Германските власти прават истрага во која дошле до заклучок дека сигналот за Лиза всушност постои, но девојката ниту е киднапирана ниту силувана. Полицијата ги чува во доверливост сите останати детали од случајот на девојката.
Берлинската полиција објави официјално побивање и ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на интимноста на информациите.
Наместо да престане со манипулациите сепак пропагандата поминува на уште поголеми брзини: започнува циркулација на “револтирани коментари” за намерно прикривање на “злосторството” и апели за физичка пресметка.
11. Стремеж за трансформирање на пропагандните пораки во постулати, предмет на верувања или потсвесни емоционални реакции (пропагандистки автоматизми).
Израмнување и блокирање на способноста за критички однос како кон стварноста, така и кон медиумските производи.
12. Негување на позитивен имиџ на оној во чие што име се води пропагандата.
Во овој случај личноста се претставува како извор на апсолутната вистина, тој се опишува како носител на високи човечки квалитети, разновидни професионални вештини, па дури генијалност.
13. Создавање на информациска средина со доминација на оние медиуми кои ја одржуваат пропагандата.
Почнува со монополизација на информатичките извори, по што се преминува кон блескавата или скриена цензура. Конечно се завршува со култивирање на автоцензура кај новинарите.
14. Маргинализација на алтернативните медиуми преку ограничување на нивната дистрибуција, економска дискриминација, гонење на независни новинари и ограничување на пристапот до информации.
Еден од најсуптилните методи за искривување на медиумската средина е селективното финансирање со буџетски средства на одредени изданија, за сметка на други.
Во услови на слаб пазар и силна концентрација на сопственост слична вештачка интервенција може да доведе до трајни оштетувања врз медиумскиот плурализам.