Комисијата за заразни болести ги проширува мерките за заштита од коронавирусот. На денешната седница се донесени низа заклучоци и препораки, кои се очекува да бидат усвоени од Владата и соопштени на прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче закажана за во 14 часот.
Документот со заклучоците на Комисијата за заразни болести веќе е објавен во неколку медиуми. Комисијата препорачува:
• Сите основни, средни и високообразовни институции, како и градинките, да запрат со одвивање на наставно-воспитниот процес во текот на следните 14 дена
• Да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено и сите културни настани во државата, а спортските настани да се одвиваат без публика
• Да се воведе задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризични држави, во времетраење од најмалку 14 дена
• Да им се забрани извозот на медицинска опрема и материјали на сите економски оператори и производители од земјата, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство
• Се препорачува возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да избегнуваат јавен превоз
• Да се избегнуваат патувања во земји со среден и висок ризик од коронавирусот
• Сите вработени во јавните здравствени установи да се ослободат од понатамошни ангажмани во избopниот процес и да бидат заменети со други лица
• На веб страната на Министерството за здравство ќе биде поставена листа на земји со висок и среден ризик и секојдневно ќе биде ажурирана
• Тие што не ги почитуваат и кои ги прекршуваа препораките ќе бидат кaзнети согласно членовите 205 и 206 од Кpивичниот зaкoник
• Да се воведе health locator карта за сите летови и авиокомпании