Да се олесниш од страв: Екстремен тоалет

Кога ќе ги повика природата, луѓето обично сакаат да најдат тивко и мирно место за да го „симнат товарот“. Ама понекогаш, им треба и помош.

Иако не е направено со таа намера, ова ВЦ и тоа како го олеснува олеснувањето. Хернандез Силва, дизајнер на тоалетот, имал сосема поинаква замисла. Според неговите нацрти, тоалетот требало да биде дел од ентериерот на луксузен пентхаус.

Во меѓувреме, планот бил сменет, па сега тоалетот е лоциран над окното од лифтот во 15-ката високата зграда во Гвадалкивир, Мексико. Да биде уште позабавно, или „поолеснително“, целиот под е направен од стакло.

Па, барем ќе немаат проблем со тоа некој да „заглави“ и да предизвика долги редици.

18-505x757[1]

26-505x336[1]

- Реклама -