„Да се обезбеди по еден контејнер за секој пратеник“

Изјавата на претседателот на Собранието – Талат Џафери, предизвика силни реакции во јавноста. Да потсетиме, Џафери порача дека „не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка во контејнер“. Реакциите на јавноста варираат – од разни сериџиски досетки, преку тоа дека изјавата е доказ за неспособноста на пратениците, па до прашањето: А зошто да не може?

Реагираше и Мирјана Најчевска, поранешната претседателка на Хелсиншки комитет за човекови права:

„Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери. Она што не смее да се случи е пратеникот да бенефицира од функцијата пратеник.
Тој станал пратеник за да ги претставува граѓаните, да биде нивни глас во највисокото законодавно тело, а не да добива било какви бенефиции и лична корист.

Пратеник не е вработување туку е претставување. За вработување се потребни квалификации, а за пратеник е доволно група граѓани да мисли дека конкретниот човек може верно да ги застапува нивните интереси.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот не смее да ја напушти пратеничката функција: со повеќе пари, поголем имот, повисоко образование, од она кое што го имал кога бил избран. Секое зголемување на богатството, образованието, имотот во време на вршење на пратеничката функција е сомнително и треба да биде сериозно истражено.

Донесување на закон со кој се гарантираат бенефиции за пратениците кои немаат врска со нивната функција на претставници на граѓаните значи озаконување на корупцијата.
Такви пратеници воопшто не ни се потребни“, порачува Најчевска на Фејсбук.

На својот Твитер профил реагираше и „Миле Паника“, т.е. Бранко Огњановски – кој неодамна беше прогласен за заслужен граѓанин на општина Карпош:

„После мандатот да се обезбеди по еден контејнер за секој пратеник.“

- Реклама -