Мајкл Фарадеј имал теорија: ако ставиш човек во метален кафез, и пуштиш струја низ тој метален кафез, човекот ќе преживее. Струјата ќе тече околу него, без човекот да ѝ претставува пречка.
И така, нашиов денешен херој се наоѓа во Фарадеев кафез во форма на заштитна облека, низ која поминуваат пола милион волти. Сé додека хеликоптерот нема контакт со земјата, и тој и пилотот се безбедни, бидејќи нивната волтажа се изедначува со таа на далноводот, исто како што тоа го прават птиците.
„Има само три работи од кои се плашам во животот: струја, височина и жени. А и женет сум“, вели неименуваниот инспектор.