Да погодам, Чен?

Градските власти, како и другите институции се целосно збунети обидувајќи се да го разликуваат мноштвото жители во Кина со исто име и презиме.

Ако во Шангај викнете на улица Чен Јие ќе се сврти пола град, нешто слично како Наум во Охрид.

Во градот популарното име и презиме го делат дури 3.937 лица.

Името е комбинација на честото презиме Чен и популарното женско име Јие што значи „чиста“, „неизвалкана“.

Според тврдењата на властите , големиот број на лица кои го носат името создале вистински хаос во училишните и банкарските регистри.

shangaj

Една од многуте Чен Ли вели дека постојано добива писма испратени кон друга жена.

-Секој пат морам писмата да и ги пренасочувам неа, а таа има канцеларија два ката над мене.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Второто по ред најпопуларно име е Занг Мин. Дури 3.761 маж е носител на истото. Занг е исто така вообичаено и често презиме, додека Мин е популарно име кое значи угледен, згоден, шармантен и паметен.

И додека властите започнаа да апелираат до граѓаните да бираат понеобични имиња, граѓаните се лимитирани со листа на стандардни кинески имиња. Големото национално истражување, извади на виделина други импресивни податоци. На пример, повеќе од милион и пол луѓе во Пекинг носат презиме Ванг. Во Кина има околу 700 семејни имиња, но голем број од жителите користат дури 20-на најпопуларни.

- Реклама -