На синоќешниот настап на концертот „Sound Of Change“ во Лондон, Мадона ги шокираше нејзините фанови со нејзиното променето и отечено лице.
Образите на пејачката беа необично „надувани“, па на Твитер за кусо време станаа хит коментарите за нејзиното претерување со ботоксот. Сепак, шокираните фанови не влијаеле воопшто на доброто расположение на пејачката, која во текот на настапот изјавила дека посакува да започне „љубовна револуција“. Мадона и понатаму тврди дека нема подлегнато на ниту еден естетски зафат, но дека ќе го направи тоа „доколку смета дека има потреба“.
„Јас сум тоа што сум и не ми се допаѓа идејата да заспијам и некој да забива ножеви во мене“, изјави славната пејачка пред неколку години.