„Никој кој што го олеснува товарот на другиот не е бескорисен во овој свет“ – Чарлс Дикенс.
Со помош на Здружението „Хуманост без граници“ и „Донации“ нудиме начин да направиме добро и хумано дело, можеби мало за нас, но огромно за оној кому му е потребно.
Во продолжение се луѓе на кои им е потребна вашата помош, сега и веднаш.
Апел за помош на Даниела Наумова
ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ, НИЕ СМЕ НА РЕД! СЕКОЈ ОД НАС!
Даниела Наумова, млада жена, мајка на две малолетни деца,голем борец,боледува од карцином на дојка и нејзината состојба секојдневно се влошува.
Потребни се многу лекови и третмани кои за жал, семејството не е во состојба во целост да ги обезбеди.
Затоа Ве замолуваме,Вас,сите хумани луѓе, кои сте во можност да донирате,на долунаведената сметка,за да се спаси животот на една храбра жена.
Да помогнеме, ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !!! –
Gabriela Mihajlovska 2006978428008 br. na smetka 210501570071440 vo NLB
-za uplata od stranstvo
Gabriela Mihajlovska bul.Jane Sandanski 14/1-18 Skopje Iban code MK07210501570071440 Bank name NLB Tutunska banka A.D. Skopje Majka Tereza br.1 Makedonija swift TUTNMK22
Младиот Дарио Митров има потреба од наша помош.
Младиот Дарио Митров има потреба од наша помош.
Тој на ден 02.09.2013, на тренинг, се здоби со повреда на десното око при што му е константирано одлепување на ретина – периферно со дупки на ретина.
Клиничкиот конзилиум на ЈЗУ Универзитетската Клиника за Очни болести од Скопје констатира дека итно му е потребна операција во Бугарија, каде што докторите гарантираат за подобрување на неговиот вид.
Доколку сакате и Вие да ја поддржите оваа хуманитарна акција и да му помогнете на Дарио, донирајте 100,00 денари од мрежата на T-mobile на телефонскиот број 070/143-112.
Поддршка за Здружението “Хуманост без Граници” и Donacii.mk на Daremat.com
Почитувани пријатели,
од денес, начинот да се помогне уште поблиску до вас.
Donacii.mk се на Daremat.com
Daremat.com е сервис кој ви овозможува со само неколку клика да подаритe подарок или пак купите нешто за себе или пак ДА ДОНИРАТЕ.
Вашата донација за Здружението “Хуманост без граници” кое стои задwww.donacii.mk можете да ја дадете и директно на овој линк : http://daremat.com/?product=2031
Ние ќе ја почитуваме Вашата желба да помогнете преку донирање средства и истите ќе ги искористиме единствено за унапредување на нашите активности и проекти.
Ви благодариме.