Јован е 2-годишно близначе на кое му е дијагностициран Hb Lepore Boston Washington синдром (клинички случај на бета таласемија мајор). Неговата состојба е многу тешка бидејќи има потреба од постојана трансфузија на крв, што има несакани ефекти, како зголемување на слезинка и црниот дроб.
Единствен достапен лек за состојбата на малечкиот Јован е трансплантација на коскена срцевина од соодветен донор, во случајов тоа ќе биде неговата сестра.
Но за да се случи трансплантацијата, на семејството му е потребна незамислива сума пари од 190.000 евра, за да ги плати трошоците за трансплантација во болницата Bambino Gesu во Италија.
Доколку сте во можност, донирајте на следниве броеви, на трансакциска сметка или на фондрејзер страната на GoFundMe, и помогнете му на ова мало човече да има подобар живот.
Броеви:
А1 – 143 484
Телеком – 143 128
Трансакциска сметка:
Јован Туфекчиев
210-7000006717-64
NLB Banka