Да им ја кажеме ли на децата вистината за Дедо Мраз?

Дедо Мраз е еден од најомилените ликови како за помалите, така и за повозрасните.  Но,  доаѓа време кога многу родители си го поставуваат прашањето дали е време  да им ја откријат на своите деца вистината за белобрадиот старец, или подобро да остане жива  илузијата за него?

Дедо Мраз е миленик на децата. Во нивните очи тој е старецот кој доаѓа еднаш во годината, ги носи посакуваните подароци и ги прави сите среќни. Затоа кога ќе дојде моментот во кој мама и тато треба да одлучат дали да ги зголемат  детските фантазии, тие треба да пристапат претпазливо и деликатно.

dete-koleda-podarak-88981-500x0

Многу родители  мислат  дека не треба да им се кажува на децата вистината за Дедо Мраз. Повеќето деца самите доаѓаат   до заклучок дека старецот  е измислен , па  разговорот станува бесцелен. Меѓу 6 и 9 годишна возраст верата во магии и фантазии почнува да се намалува, а стапуваат на сцена  логичното размислување и разумот. Доаѓаат прашања како „Како Дедо Мраз доаѓа кај нас, кога  немаме оџак?” Или „Зошто никогаш до сега не сум го слушнал да доаѓа?”.

Кога сомнежите стануваат  посериозни, детето обично ги прашува директно родителите каква е вистината за Дедо Мраз. Најдобро не одговарајте со конкретно и веднаш со „да” или „не”, туку одвратите со прашањето „Ти што мислиш”. Според размислувањето на детето ќе процените дали е добро да му кажете дека  старецот е измислен лик, или да ја оставите темата отворена за подоцнежна фаза.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Некои мајки и татковци сакаат да ја  задржат вистината за Дедо Мраз за себе, бидејќи се загрижени дека детето ќе се вознемири премногу и ќе загуби не само омилен лик, но и довербата во своите родители, па ќе  почне да се сомнева во  нивните зборови.

dqdo-koleda-podaraci-dete-praznici-88983-500x0

Други пак веруваат дека токму тоа е причината да се открие вистината за Дедо Мраз – за да престанат да ги  лажат своите деца, односно да ги  одделуваат од реалниот свет и одржуваат една фантазија жива. Во случај да не сакате да бидете премногу груби и директни, самите одберете која од приказните за белобрадиот старец да ја раскажете. Можеби за  Дедо Мраз, кој живее во Лапонија и има вистинска адреса, но не прави материјални подароци, туку  раздава насмевки и љубов?

И конечно, ако сепак сте одлучиле да ја кажете  вистината за Дедо Мраз, објаснете му  на детето дека  вреќата  подароци не ги прави празниците толку убави , туку  моментите кога семејството се собира и се радува на најголемиот дар – меѓусебната љубов и приврзаност .

- Реклама -