Убавината на 20 е дар, убавината на 40 е инспирација

Има нешто прекрасно кај жените кои што навлегле во 40-ите години од животот. Тие не се случајно убави на оваа возраст. Нивната убавина е доказ за нивната внатрешна состојба , за животната мудрост и свест.

Добро одржуваното тело и грижата за кожата не се доволни , за да се здобие една жена со емитување како на Брук Шилдс или Џенифер Анистон.

Често ми се случува да ги анализирам лицата на луѓето во градскиот транспорт и да размислувам за тоа каква емоција ги обзема. Можете дури и да забележите како најчесто се чувствувал некој човек низ годините – сомнителен и недоверчиво исполнет со завист… гневен и огорчен или упорен трагач кон убавото и во тажните моменти, искрен и слободен (или барем барател на внатрешната слобода ).

Се сеќавам како еднаш во метрото застанав да набљудувам една фина, женствена и „духовно елегантна жена“, која на позадината на луѓето наоколу беше ставила „заштитната маска“ што ја изолира од недоверба , што правеше да изгледа како сончев зрак во мрачен ден.

Не, тоа не значи дека овие жени се секогаш среќни или пак дека не чувствуваат длабоки емоции (радост, гнев или тага) или дека не ги забележуваат проблемите. Таквите жени се почитуваат себе , и овозможуваат на негативната емоција да помине низ нив, да најдат некаква смисла во неа и потоа ја пуштаат да си замине.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

women-paintings-by-annick-bouvattier-on-we-heart-it-visual-1357663018_b

Нема како да не сте налетале на Фејсбук на оваа мисла „Не дозволувај раните да те претворат во она што не си / не сакаш да бидеш.” На тоа се должи убавината на жените над 40 години. Тие недопуштиле раните да ја огорчат нивната душа. Ова е победа на духот над огорченоста, предавството и провокациите.

Вистинско задоволство е да си во друштво на такви жени . Тие можат да бидат меки, топли и пријатни, но и тврди, категорични, диви и емоционални. Овие жени знаат кога да стават граница и кога да стават крај на нешто што не вибрира на нивната фреквенција.

Во најголем дел од времето умот и срцето им се отворени за светот. Се провоцираат самите себе, не се заглавени во рутина, во инерција и конзерватизам.

Кога ќе налетам на фотографии од убави 20-годишни модели им се восхитувам, а кога ќе видам слики од убави жени над 40 – не само што им се восхитувам, јас се инспирирам.

Благодарна сум на животот, што лично познавам токму такви убави и мудри жени.

Автор: Марија Димитрова

- Реклама -