„Никој не може да помогне секому, ама секој може да помогне некому“- Зорица Црношија.
Со помош на Здружението „Хуманост без граници“ и „Донации“ нудиме начин да направиме добро и хумано дело, можеби мало за нас, но огромно за оној кому му е потребно, сега и веднаш. Во продолжение се активните хумани акции на кои можете да го дадете својот допринос.
Филип Михајловски-јунакот чиј сон се исполнува
“Пред една година и осум месеци Филип Михајловски, при скок во вода , го повреди седмиот вратен пршлен и остана парализиран од половината надолу…Од тогаш започна неговата борба да се исправи и пак да зачекори…
Пријателите, роднините, пријателите на пријателите, роднините, буквално сите се мобилизираа за да му помогнат во остварувањето на неговиот сон… Сите помагаа во собирањето на финансиските средства кои беа потребни за опоравување, рехабилитации, третмани и се што се препорачува при третирање на вакви тешки повреди..
Многу граѓани на нашата земја му помогнаа на Филип и преку донациските броеви кои се отворија, со посети на хуманитарните настани, меѓу кои и два фудбалски турнири…Се организираше концерт со помош на Македонската Естрада, со помош на Маја Платнар-неколку успешни базари, неколку театарски претстави, се вежбаше пилатес…
Страната на фејсбук ОД СРЦЕ ЗА ФИЛИП како и Сител Телевизија која со својот прилог за Филип собра над 15000 гледачи, одеа во чекор со секој напредок на Филип. Во чекор со сите настани.
Со помош на сите кои најдоа време да ја слушнат приказната за Филип и да помогнат се собраа пари за успешната рехабилитација во странство која заврши со подобрување. По враќањето назад, Филип продолжи со вежби во домашни услови.
Сакаме да изразиме длабока благодарност до сите кои на било кој начин му помогнаа на Филип да го исполни својот сон. Имаме уште многу до комплетно исправување, но знаеме-дека не сме сами”
-Стефка Блажевска-Тушевска
роднина на Филип Михајловски
Апел за помош на Петар Попоски
Секое дете е специјално,секое е дар од бога….
Дванаесетгодишниот Петар Попоски од Охрид боледува од многу ретка болест, Tyrosine hydroxylse deficit, и итно му се потребни 10.000 евра за почеток на негово лекување во Германија.
Ги молиме сите хумани луѓе да се јават на телефоните или на хуманитарната сметка да донираат колку се во можност. Петар Попоски боледува од многу ретка болест Tyrosine hydroxylse deficit. Тој е прводијагностицирано дете во Македонија. Дијагнозата е поставена во Германија после 12 години. Лекувањето треба да е во Хајделберг, Германија, во метаболен центар за цела Европа. За почеток на лекувањето се потребни околу 10.000 евра.
Телефони за донирање: ONE 075143502,
VIP 077143702,
Вашите онации може да се уплатат и на
хуманитарна сметка за Петар Попоски
300011000002087 Комерцијална банка а.д. – Скопје.
Апел за помош на Симона Пеовска
Драги пријатели.
Кај Симона Пеовска е забележана појава на лимфни жледи, кои укажуваат на појава на Хоцкинова Болест. За да се потврдат наодите и да се пронајде соодветна терапија , потребно е под итно да се направи PET-KT скен, кој пак не е покриен со средства од Фондот за Здравство.
Сумата која е потребна не може семејството само да ја покрие….Ние сме тие кои можеме да помогнеме…
070143116- на овој број корисниците од Т-мобиле можат да донираат по 100 денари.
Ви благодариме на Хуманоста!
Апел за помош на Еркан Ќахили
Еркан Ќахили боледува од прогресивна мускулна дистрофија- (Dustrophio musculorum progrsiva DMD). Медицинскиот центар за матични клетки „Ву“ во Пекинг овозможува лекување на болеста со што би се спречилa нејзина натамошна прогресија, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физотерапија, медицински услуги, пат и сместување чини 45.000 долари.
Сите граѓани можат да донираат средства на жиро-сметка на Стопанска Банка
трансакциска сметка 200002442846246
Стопанска Банка
За уплата од странство во долари $ SWIFT:STOBMK 2X
Account number:200002695950189
IBAN:MK07200002695950189
со цел на дознака Еркан Ќахили-за донација.
Може да се донира и на телефонскиот број на вип ги очекуваме и другите бр.
077/143-701 (само од ВИП)
Број за контакт 076/577-842
T- Мобиле број 070-143-106
Бидете хумани!
ВИ БЛАГОДАРАМ !
Да им помогнеме на Тања и нејзината ќеркичка Кристина
Драги пријатели.
Да одвоиме од нашето МАЛКУ и да помогнеме онаму каде навистина треба.
Тања е 30-годишна невработена самохрана мајка на 8-годишната Кристина.
Тие живеат под кирија, без никаков приход, без никаква роднинска помош ни поткрепа, без никакви средства за опстанок…Оставени сами на себе. На ова мало семејство им е добредојдена секаква помош, во храна, облека, покуќнина, материјали за учење, книги, финансиска помош, понуда за работа на мајката…
Ајде да помогнеме на едно дете. Да и покажеме на малата Кристина дека светот е добар, дека животот знае да биде и убав, и дека има се уште добри луѓе на овој свет. Да ја вратиме насмевката на двете лица, на Мајката Тања и керката Кристина.
Телефонскиот контакт, сите кои се заинтересирани да му помогнат на ова семејство, може да го побараат на нашиот мејл:
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ЧОВЕЧНОСТА!