Луѓето се изморени од мерките и сега доаѓаме во ситуација кога важи изреката дека „еден будала може да расипе 1.000 луѓе“, оцени д-р Никола Пановски во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Верските собири, собирите во џамиите и црквите, вели Пановски, покажуваат дека, за жал, овие верски институтии претставуваат втора власт во државата:
„Факт е дека огромен број на луѓе веруваат во оџите, поповите, свештениците и дека вирусот во светите објекти не може да се прошири. И тука ништо не може да направиме, освен да советуваме“, вели тој.
Пановски додава дека е потребна промена на мерките, согласно фактот што новите жаришта се семејните собири и прослави, а не движењето надвор:
„Ако 95% од вирусот се шири внатре во домовите, треба мерките да се менуваат. Треба да се мониторира како се вршат тие семејни контакти и каде се шири вирусот. Ако видиме дека во ниеден маркет и во ниеден парк, ниту еден кеј не се пренел вирусот, ајде да одиме таму каде што се пренесува. Тоа се места каде што луѓето пејат, викаат, седат подолго време. Маските се ОК, но кога ќе се соберат луѓето тоа не го почитуваат“, рече Пановски. Повеќе ТУКА.