Д-р Глигор Делев е вториот македонски алпинист што успеа да го освои највисокиот врв на светот – Монт Еверест . Тој утринава во 10 часот по локално, или во 4 по македонско време го развиори македонското знаме на височина од 8.848 метри. Кон највисокиот врв на светот се искачи како член на „Екстрем сумит тим“ од Србија. Доктор Глигор Делев за овие седум години, колку што активно се занимава со алпинизимот, се има искачено на 20 врва, повисоки од 5.000 метри во Јужна Америка, а неговата желба да биде втор Македонец кој ќе го развие македонското знаме на Монт Еверест конечно се оствари. [Утрински] Update: Драма под Монт Еверест