Д-р Беќаровски: Наместо избopи, изглacajте нова експертска влада на нaциoнaлeн спас

Фејсбук статус на д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија

Како човек кој пола свој живот го поминал во едноумие, а втората половина во безумие, мислам дека имам право да го кажам следново:
1. Секој следен состав на Собранието од 1990 година до денес, ЗА ЖАЛ е ПОИНФЕРИОРЕН и ПОСЕРВИЛЕН од претходниот.
2. Најмалку лоша влада во историјата на РМ е првата експертска влада.
3. Ниту една победничка партија не исполнила повеќе од 20% од предизборните ветувања.
4. Коалициите се темелат исклучиво на бизнис интерес, а никогаш на идеологија.
5. 2001 година да не се формираше широка коалиција Македонија ќе се распаднеше.
6. Сите фабрики кои се изградија за 45 години во едноумието, се затворија, опљачкаа или продадоа за 30 години безумиево.
7. Во Македонија демократијата и анархијата се “први братучеди”.
8. Владата не е детска градинка, за во неа да седат деца.

ЗАКЛУЧОК: Во вонредни услови НЕОПХОДНИ се вонредни мерки. Свикајте го Собранието и место нови избopи нека изглacа НОВА експертска или ширококоалициона влада НА НАЦИОНАЛЕН СПАС, која ќе ја води државата до комплетно санирање на здравствено-економско-правната криза, а потоа за 12 или 18 месеци терајте политика и избopи.

- Реклама -