Д Фестивал 2023: Од Дојран во Штип

На фејсбук страницата на Д Фестивал беше објавено дека оваа година, по повод своето 15-годишно постоење, манифестацијата ќе се пресели од Дојран во Штип. Од 4 до 6 јули, фестивалот ќе се одржи под Исарот во Штип. По 15 години, локацијата на фестивалот се менува и повеќе нема да биде покрај Дојранското Езеро. Организаторите изразија благодарност на фејсбук кон сите кои помогнале фестивалот да се развие во Дојран и најавија дека поаѓа на ново патување за да ги оствари своите цели.