Досега сончевите зраци беа заслужни за растот на речиси целиот вегетациски свет на Земјата, но новите истражувања на Технолошкиот институт во Германија покажуваат дека постојат цвеќиња што може да виреат во целосна темница.
Сончевата светлина, всушност, не е потребна само за метаболитичката енергија на растението, туку таа ги активира фоторецептивните ќелии кои го потикнуваат нивното `ртење и процветување. Германската студија, пак, открила нова алтернативна мерка за спроведување на овие процеси, при што сончевата светлина се заменува со хемикалии.
Ова откритие засега нема комерцијално употреблива намена, но главните истражувачи сметаат дека би можело да има широка примена во агрикултурата и во идните истражувања.