Чудните постапки на мажите што жените не можат да ги разберат

Мажите уживаат во тоа да бидат мажи и жените ги обожаваат токму поради тоа, но понекогаш, некои нивни навики и постапки навистина е тешко да ги разбереме.

Одењето во поход по нова кошула која очајно им е потребна ја гледаат како залудно трошење на времето, па веројатно ќе ја купат првата која ќе им се најде на дофат. Но доколку во близина забележат продавница за мобилни телефони, бела техника, алати или авто-делови, сметајте на тоа дека ќе имате слободно попладне. Сепак драги дами, ова и на нас ни одговара. Колку пати ви се случило партнерот да ве брза и со тоа да ви го скратува уживањето во пребарувањето на нови чевли. Искористете ја приликата.

car.lover_1

Сакаат ризици, опасност и екстремни работи, понекогаш само за да ја докажат својата машкост. Не прифаќаат совети за нешто што го започнале и сметаат дека најдобро знаат. Иако ние жените тоа го нарекуваме машко его, едноставно може и да значи дека мажите се посамоуверени. Тоа е нешто што го носат во себе и едноставно ние не можеме да го смениме.

Не сакаат да разговараат за своите емоции и врски. За разлика од жените, мажите не можат меѓусебно да си ги раскажуваат нивните љубовни бајки или проблеми, да се сослушуваат и да си даваат совети. Кога некој би се обидел да го направи тоа, би се поставил пред сериозна закана дека ќе биде исмеан од пријателите поради неговата мекост. Веројатно ваквите околности се главната причина која им наметнува на мажите за бидат позатворени. Доколку покрај вас имате некој ваков, залудно ќе го форсирате да ви се отвори. Едноставно, започнете вие со тоа што ќе му ги кажете вашите маки, па со текот на времето, ќе се зголеми и близината а со тоа и неговата доверба кон вас. Потребно е трпение и време за нивните емоции и сочни детали од минатото да ви бидат послужени на тацна.

Work-colleagues-arguing-via-Shutterstock.com_-615x345

Не внимаваат на ситници, детали и датуми. За разлика од нас жените чија меморија е програмирана да помни како сме биле облечени, колку точно бил часот и песната во важните моменти за нас, не можеме да ја очекуваме истата внимателност од нив. Секоја чест на исклучоците и романтичарите кои внимаваат на датумите што нам ни се важни, иако најчесто тоа го прават за да ги избегнат прекорните воздишки од партнерките. Доколку вашиот партнер не помни како сте биле облечени на вашиот прв состанок, не мора да значи дека не се грижи за вас или дека не е тоа важен настан за него, едноставно за разлика од жените, мажите помалку забележуваат. Најчесто датумите и ситниците кои ние ги помниме, во нивните очи се неверојатни.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

sports on tv

Опседнати се со спорт и видео игри. Иако погоре кажавме дека старите податоци им се слаба страна, сепак резултатите на одредени фудбалски натпревари од пред години и години ги знаат и во сон. Нивната перцепција за време на поминување потежок левел во играта или важен спортски настан, не регистрира ништо друго околу нив. Совет? Доколку очајно сакате да го добиете неговото внимание, обидете се да прошетате во секси-долна облека пред телевизорот. Ви гарантираме, битката ќе биде ваша.

Иако важат за посилен пол, факт е дека мажите кога се без жени се однесуваат како беспомошни мали деца. Ќе поправат цел автомобил, но нема да можат да си приготват оброк. Ќе спијат до валкани чорапи, но нема да ги однесат во корпата за носени алишта. А кога стигнавме веќе до неа, полесно би се снашле во управување на вселенски брод, одошто да ја вклучат машината за перење. Едноставно полесно би се снашле во сопствениот хаос, одошто во вешто средена и организирана просторија.

826

Овие стереотипи не постојат залудно. Иако генерализацијата не е соодветен начин да процениш нечиј карактер, сепак повеќето девојки ќе се согласат дека помалку или повеќе, мажите во нивниот живот ги поседуваат погоре наведените карактеристики. Џон Греј знаел што прави кога напишал дека сме од различни планети. Сепак, постои една стара поговорка која вели: “спротивностите се привлекуваат”. Можеби нашите предци мислеле токму на ваквите разлики.

- Реклама -