Црвената боја на сите им стои

Повеќе...

Бојата на облеката е пресудна за вашиот изглед. Ако изберете боја која на вам ви одговара, може да изгледате прекрасно, а и обратно….


crvena.jpg

Бојата на облеката е пресудна за вашиот изглед. Ако изберете боја која на вам ви одговара, може да изгледате прекрасно, а и обратно….
Изгледате изморено. Кожата ви изгледа сува и изморена. Боите изгледаат евтино, но кога би ја избрале онаа правата, вашите очи и тен одеднаш ќе заблистаат и повеќе доаѓаат до израз. Слушајте ги луѓето околу вас, обрнете внимание која боја ја носите кога ќе ви кажат дека изгледате добро.
Што треба да знаете? Палетата на бои ја делиме на четири главни групи, одностно четири сезони кои одговараат на нијансите на тенот. А како да изберете боја која одговара токму на вашиот тен? Еве неколку совети:
– Ако спаѓате меѓу топлите бои (есен и пролет), вашата коса е сигурно црвена, костенлива, меденоруса или златно-руса, а тенот нежно бел. Бои кои вам ви одговараат се портокалова, зелена, сите нијанси на кафеава, жолта…
– “Ладните” особи (зима и лето) имаат црна и темносмеѓа коса и темен тен или пепеласто руса коса со светол тен. Бои кои им одговараат: црна, бела, сива, виолетова…
– Единствена боја која на сите им одговара е јако-црвената.
Како да ги носите боите:
– Јаките бои и сјајните материјали носете ги на она место каде што мислите дека им е дозволено да бидат во центарот на вниманието.
– Ако имате жолтеникава боја на тенот и подочници, немојте да носите црна боја блиску до лицето затоа што таа уште повеќе ќе ви ги истакне тие делови кои сакате да ги скриете.
– Комбинација на црната со некоја јака боја ќе направи тие да изгледаат бедно и ефтино.
– Ако имате ситна или изразито крупна градба, избегавајте драматични контрасти измеѓу горниот и долниот дел затоа што тоа визуелно ќе ве преполови.

- Реклама -