Вчера вечер во Лас Вегас, Невада се одржаа музичките награди Billboard. Најголемо внимание кај модните критичари предизвика Џенифер Лопез и нејзиниот светкав златен фустан со потписот на Зухаир Мурад и потпетици од колекцијата на Кристијан Лубутин.
Латино заводничката се појави на црвениот килим со нејзиното момче Каспер Смарт.
За креација од Зухаир Мурад се одлучи од кантри пејачката Тејлор Свифт.
Во галеријата погледнете ги останатите селебрити кои вчера зачекорија на црвениот килим на Billboard музичките награди