Досадата и стресот се најчести причини поради кои што луѓето шараат по лист, а иако тие цртежи можат да изгледаат безначајно, тие сепак го откриваат она за што потсвесно размислуваме, велат психолозите. Ако еден мотив се повторува низ цртежот, тогаш тој е симбол на одредени желби, додека самиот изглед на цртежи може да говори и за карактерот на личноста. Цртежи со заоблени линии најчесто цртаат емоционални луѓе кои сакаат стабилност, додека прави линии оние кои се реални и практични…
Кутии
Цртањето на правилни предмети ја симболизира желбата за контрола, без разлика дали се работи за ситуација или луѓе. Истотака упатуваат на желба и план за решавање на здравствени проблеми. Доколку кутиите се поврзани и се спојуваат, цртежот упатува на многу ефикасна, способна и аналитична личноот.
Цвеќе
Округли и големи цвеќиња упатуваат на пријателски и друштвен карактер, како и на човек кој исклучително многу ја почитува фамилијата. Доколку центарот на цвеќето е симетричен круг, а неговите листови се со остри врвови, оној кој ги црта ја прикрува својата ранливост и емовии од друштвото со одвранбен став. Искинати лестови и неуредно цреќе, асоцираат на загриженост и нетрпеливост.
Куќа
Овој цртеж откива изразена потреба за чувствување на сигурност и стабилност во домот и семејството. Доколку цртежот на куќата не е среден, а на неа нема означено прозорци, истата може да претставува незадоволство во односите со фамилијата. Ако куќата се наоѓа на врвот на брдо, открива чувство на осаменост и изолираност.
Срце
Симбол на љубовта и романтиката. Доколку цртате срце тоа открива емоционална топлина, носталгична и оптимистична личснот во остварување на врска или пак брак. Истотака, срце можат да цртаат и оние кои во моментот не се заљубени, но би сакале да бидат.
Лик
Оние кои цртаат лице треба да забележат каков е изразот. Доколку лицето е симетрично и со насмевка, тогаш оној кој го нацртал е добро расположен. Оној кој сака да црта профил е човек кој мечтее, а цртањето на блиски луѓе открива традиционални и лојални типови.
Ѕвезда
Ѕвездите на цртежите се симбол на кариерни амбиции или конкретни цели кои поединецот сака да ги оствари.Истотака, можат да претставуваат и духовна потрага за среќа и оптимиизам.
Животни
Важно е да земете во предвид кое животно е нацртано и како го перцепира во животот тој вид, за да може да се дешифрира расположението на цртачот. Цртањето на домашни миленичиња е индикатор на топлина и блискост, довите животни се одраз на агресивно расположение, а животните во кафез сакаат слобода.
Круг
Кругот кој е добро обликуван го цртаат луѓе кои се карактеризираат како романтични, чувствителни и со „женски“ пристап во животот. Круговите се и симбол на согласнот, па оние кои ги цртаат се склони кон друштво, пријателство и хармонични односи.
– Големите кругови симболизираат самодоверба, малите чувство на безначајност.
-Еден круг симболизира чувство на осаменост и изолираност.
– Поделените кругови симболизираат аналитичен мозок.
Полниот круг упатува на склоп од негативни чувства.
Брод
– Брод на мирно море открива човек кој ужива и чезнее за одмор.
– Малиот брод во олуја упатува на емотивно тешка ситуација.
– Глисерот открива авантуристички нарав и моментална досада.
– Воениот брод е симбол за мачо и агресивна личност.