Црно-бело семејство

Повеќе... Фернандез де Анраде и нејзиниот партнер Жао се Афро-Бразилци со темна боја на кожата, а сепак три од нивните вкупно пет деца се потполно бели.


Фернандез де Анраде и нејзиниот партнер Жао се Афро-Бразилци со темна боја на кожата, а сепак три од нивните вкупно пет деца се потполно бели.

article-1210632-063cfa18000005dc-217_634x710.jpg

Според Професорот по генетика Валдир Балбино, од Државниот Универзитет од Пернамбуко, ова е многу редок случај кога ќе се земи во предвид фактот што двата родители се црни. Се работи за состојба наречена албинизам кога телото не продуцира доволно од пигментот меланин, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите и го заштитува телото од сончевите зраци.  Двајцата родители мора да се носители на албино гени за нивните деца да се родат како албино. Во случај кога двајцата родители се носители на такви гени, шансите дека нивното дете ќе биде албино се 1 спрема 4. Албинизмот опфаќа еден на 17.000 луѓе.

article-1210632-063cf860000005dc-689_634x669.jpg

article-1210632-063cfaec000005dc-570_634x438.jpg

Мајката на трите албино деца, која живее во сиромашен кварт во Олиндо во северноисточен Бразил, вели дека постојано се бори за да ги плати медицинските третмани за ќерките Рут (10 години) и Естефани (8) и синот Кауан (5), како и скапите креми за заштита за сонце и дополнителната облека потребна за да ја заштити нивната кожа. Таа најмногу се плаши од рак на кожата, бидејќи не може да си ја дозволи зашитата која му е потребна на нејзините деца.

article-1210632-063cfb0e000005dc-850_634x475.jpg

[Meet the black Brazilian mother who has three white children]

Прочитајте и:  Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

- Реклама -