Нигериски пар кој живее во Лондон на свет донесе бело бебе! Бебето има сини очи и жолта коса (не е албино) и е девојче.
Нигериски пар кој живее во Лондон на свет донесе бело бебе! Бебето има плави очи и жолта коса (не е албино) и е девојче.
Златокосото девојче го доби името Nmachi, кое во земјата на нејзините родители значи „Убавината на Господ“. Овој случај ги зачудува експертите за генетика, бидејќи ниту таткото ниту мајката немаат мешана фамилијарна историја. Бен, таткото, исто така е потресен: „Жена ми е верна на мене. Па дури и да не била, бебето немаше да изгледа така. И двајцата само стоевме така по породувањето и зјапавме во неа – без да кажеме ништо“. Докторите во болницата Queen Mary во Сидкуп, каде што Ангела, мајката, се породи – им кажале на родителите дека дефинитивно не е албино.
Бен, кој со својата сопруга дошол во Лондон пред 5 години, вели: „Не личи на албино дете. Барем не на тие што сум ги видел во Нигерија или во книгите. Само изгледа како здраво бело бебе“. „Но, ние немаме никакво бело потекло, се прашуваме дали е чудо на генетиката. А ако е, што е со долгата виткана жолта коса?“.
Професорот Брајан Сајкс, главен на Човечката Генетика на Оксфорд и главниот експерт во Британија, породувањето го нарече „наднормално“. Тој вели: „Во мешаните човечки раси, белата варијанта на кожата може да се појави порано, уште како дете – и ова понекогаш може да е многу различно од кожата на родителите“.
„Ова може да се случи каде што има многу генетичко мешање, како што е Афро – Карибската популација. Но во Нигерија има малку мешање“, вели докторот, исто така кажувајќи дека и двата родитела би требало да имаат бели предци за ова да се случи. Но, тој додаде: „Косата е екстремно необична. Дури и плавите деца немаат таква виткана коса на раѓање.“ Експертот вели дека некоја форма на мутација најверојатно е одговорот. Тој призна: „Правилата на генетиката се комплексни и ние во многу случаи сеуште не ги разбираме“
„Таа е прекрасна и ја сакам. Нејзината боја не е важна. таа е чудесно бебе. Но сепак, што се случи?!?!“, сопругот и кажал на Ангела како реагирал нивниот четиригодишен син Чисом. „Нашата друга ќерка има само две години, па сеуште е мала за да разбере“, вели таткото. „Но, нашиот син постојано доаѓа да ја види новата сестра и секогаш е зачуден“
„Ние сме црна фамилија. Одеднаш, тој има бела сестра“, Бен продолжува: „Секако дека сакаме да знаеме што се случи, но разбираме дека животот е многу чуден“
„Најважно е дека таа е здрава и си ја сакаме. Таа е горда Британска Нигеријка“