Црна Гора би могла да се приклучи на Европската унија до 2028 година.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, истакна дека процесот на проширување на Европската Унија повторно добива значајна поддршка, со Црна Гора како најсериозен кандидат за следна членка на ова европско семејство. По завршувањето на Самитот посветен на ЕУ и Западниот Балкан, Кошта нагласи дека иднината на регионот е нераздвојно поврзана со Европската Унија и оцени дека Црна Гора има реална шанса да се приклучи до 2028 година.

Прочитајте и:  „Скопско лето“ продолжува со проекција на „Хај Фај“, мултимедијалниот перформанс „Културна кауза“ и концерт на Институтот ФЕЈМС.