Милионерот Чарлс Шаци доброволно се јави во полиција откако јавно ја нападна неговата жена, познатата ТВ готвачка Најџела Лосон. Седумдесетгодишниот милијардер поминал пет часа во полиција откако медиумите објавиле слики на кои во јавност ја дави неговата сопруга.
Како што наведуваат изворите на полицијата, Шаци доброволно се пријавил на испитување веднаш штом биле објавени фотографиите во јавноста. Тој изјавил дека иако сликите изгледаат ужасно, сепак тие изгледале подраматично одошто навистина било.
„Пред недела дена, седевме во градината на ресторанот и се расправавме околу децата, а јас ја фатив за врат за да ја нагласам поентата. Тоа не беше насилство, повеќе беше како шега“ кажал тој. Солзите на неговата сопруга тој ги оправдал како последица на тоа што тие се скарале, и изјавил дека таа само била тажна зошто имале несогласување.
Шаци истакнал дека двојката веќе се смирила додека да пристигне дома, иако според фотографиите тие си заминале со различни такси возила. Тој додал дека сопругата и децата заминале за Лондон со цел да почекаат да стивне прашината околу овој немил настан.
Сепак, фотографиите остануваат, а на нив приказната изгледа многу поинаку од онаа на Шаци. Останува прашањето, доколку милионерот се дрзнал да ја грабне Најџела за врат на јавно место, што ли се случува зад затворени врати?