По 20 години движење единствено со инвалидска количка, овој човек имаше шанса одново да застане на нозе, да се движи наоколу, дури и да се качува по скали. Сето тоа благодарение на новиот егзоскелет наречен ReWalk.
{youtube}iMm0BHUWZ2Q{/youtube}
Компанијата Argo Medical Technologies Ltd. започнала да го развива овој производ како помагало за луѓето со ограничена мобилност на долните екстремитети. Со текот на времето, успеале да создадат потполно функционален егзоскелет којшто ќе им овозможи на луѓето коишто се парализирани од појасот надолу, повторно да застанат на нозе и непречено да се движат.
Батеријата е направена во форма на ранец, за да не пречи во активностите на корисникот; и има капацитет од осум часа непрекината работ. Лошата работа е што овој модел во моментов чини 150 илјади долари, но веројатно со текот на времето, доколку технологијата влезе во широка употреба, цената ќе падне и многу повеќе луѓе ќе можат одново да проодат. [Man Walks for the First Time in 20 Years With Exoskeleton Legs]