За време на Consumer Electronics Show во Лас Вегас од 5 до 8 јануари, Continental ќе претстави биометриска технологија и персонализација, решенија за безбедност, автомобилски апликации во облакот, нов главен компјутер и технологија за управување на системите во возилото.
„Целата автомобилска индустрија поминува низ револуција со фокус на софтверот и нови услуги за мобилност и ние во Continentanl посакуваме да играме активна улога во оваа трансформација. За време на претстојното SEC изложба ние ќе претставиме најнови услуги и производи кои ќе не водат во иднината“, стакна Хелмут Матши, член на извршниот одбор на Continental и раководител на единицата за ентериер.
Иновативните системи за пристап можат многу поедноставно да ги отклучат вратите или да стартуваат моторот. Со комбинацијата од безклучен пристап, PASE – систем за пасивен старт и биометриски елементи, Continental веќе може да понуди вистинска персонализација и многу повисока безбедност. Внатрешна камера и систем за препознавање на лицето автоматски персонализираат бројни автомобилски карактеристики, како позиција на седиштето и огледало, најпосакуваната музика, температура и навигација. А, за да го стартувате моторот, веќе нема да е доволно да имате вистинскиот клуч со вас во возилото, туку само да го потврдите својот идентитет преку сензор за отпечатоци. Овој систем за идентификација e значајна заштита од кражба.
Интелигентното стакло на Continental, овозможува селектирани затемнувања на сите прозорци со само едно копче и станува уште „попаметно“. Continental додале бројни нови функции за подобрување на удобноста, преку интеграција со e комуникацискиот систем на возилото, стаклото динамички се прилагодува на различните ситуации на патот. Системот е поврзан со светлосни сензори и стаклото може да биде затемнето точно на местото во кое блеска сонцето. Безклучниот систем за пристап е исто така поврзан со контролата на прозорците, кое овозможува затемнувањето да се менува додека возачот се приближува кон возилото.
Зголемениот број функции и дигиталните содржини во кокпитот доведуваат до постојано зголемување на површините на дисплеите во возилото. Дигиталните инструменталната кластери може да се идеални за презентација на содржини, но пак не се флексибилни при дизајнот на ентериерот. За да им овозможи на возачите во иднината да уживаат на дигитални содржини без да мора да се „зјапа“ постојано во сторомоден рамен екран, Continental создаде 3D дисплеј со оптички поврзани топографски елементи кои го зголемуваат чувството за квалитет и уникатен дизајн на класичниот дисплеј.
3D Flash LIDAR сензор технологија Continental со висока резолуција овозможува тридимензионално следење во реално време на околината на возилото. Технологијата која веќе беше тестирана во областа на аеронаутиката, дава значително целосен и детален увид во вашата околина, без разлика дали во текот на денот или ноќта или различни временск услови. За своите апликации создадени со ласерска технологија на Continental Trailer Merge Assist и Trailer Length Detection, компанијата веќе ја освои наградата на CES за иновации во областа на „автомобилската интелигенција“.
Continental создаде централен компјутер ADCU, кој се состои од мрежа на повеќе процесори и кој може да игра важна улога во поврзување меѓу шасијата и системите за безбедност, зголемувајки ја функционалноста на возилото преку поврзување на системи кои досега работеа во изолација. За Continental, ADCU е централен елемент за воведувањето на потребната функционална архитектура за безбедност и во исто време основниот центар за управување на транспортните функции потребни за автономија возење.