Дали сте зависни од вашиот компјутер? Можете ли да живеете без него само еден ден? Идејата позади „Ден со изгасен компјутер“ е глобален експеримент од Денис Бистров и Мајкл Тејлор, да се види дали можете да го оставите компјутерот на мир и да издржите без него 24 часа на 24 март, 2007. Досега, преку 13,000 луѓе се заколнале дека можат да издржат цела сабота без омилената играчка. Дали сте и вие еден од нив? [Shutdown Day]