Чоколади кои помагаат во слабеењето?

пиперчеЗвучи премногу добро – торти и чоколади кои ги согоруваат калориите. Но производителите на храна тврдат дека откриле состојка добиена од лути пиперки која може да биде додадена во секој тип на храна за да помогне во слабеењето.

Овој „чудесен“ екстракт – познат како дихидрокапсијат (DHC) – го забрзува метаболизмот и му помага да согори повеќе калории. Состојката веќе се продава во форма на апчиња за слабеење во САД и Јапонија, но во Британија наскоро може да почне да се користи како прехранбен додаток. DHC е безвкусна состојка која е една од неколкуте хемиски соединенија познати како капсиноиди кои се наоѓаат во специфичен вид на лути пиперки.

Една јапонска компанија за производство на храна веќе има составено планови за додавање на оваа состојка во чоколади, десерти и готови оброци наменети за луѓето кои сакаат да слабеат. Агенцијата за Стандарди во Храната го прогласила овој производ за безбеден, посочувајќи студии кои покажуваат дека DHC може да го зголеми нивото на согорени калории и масни наслаги.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Но нутриционистите посочуваат дека ефектите од конзумирањето на ваква храна би бил минимален. Тие тврдат дека личност која тежи околу 95 килограми и која ги конзумира предложените порции кои содржат DHC најверојатно би согорил само 50 дополнителни калории дневно – еквивалент на една бисквита.

Производителот, Аџиномото, планира да користи синтетизирана состојка бидејќи од пиперките се добива многу мала количина. Максимум 3 милиграми би биле додадени во секоја порција – еквивалент на количината добиена од десет лути пиперки. Компанијата инсистира дека луѓето нема да слабеат само бидејќи ја конзумираат ваквата храна, туку дека истата би требало да биде дел од здрава исхрана и активен животен стил. [Could ingredient in chilli hold key to losing weight?]

- Реклама -