Coca-Cola во вреќа

Очигледно во многу делови од Централна Америка скапите пијалаци како Coca-Cola се пакуваат во најлонски вреќи наместо пластични или стаклени шишиња за да бидат подостапни.

И така препознатливиот облик на шишињата Coca-Cola не е загубен и покрај алтернативното пакување. Покрај пониската цена на производството, а најверојатно и поевтиниот транспорт, вреќите Coca-Cola наводно се поеколошки од пластичните шишиња а дури и стаклените шишиња и лименките за кои е потребно рециклирање.

Дали вие би пиеле Coca-Cola од вреќа? Многу љубители упорно тврдат дека вкусот е најдобар кога пијалакот е во стаклено шише. Тие најверојатно би ја отфрлиле оваа идеја, но ако е подобра за животната средина тогаш компанијата би можела да го воведе ова пакување и во остатокот од светот.

{youtube}wu7kBdECu84{/youtube}

- Реклама -