Coca-Cola Blak – Нов пијалок од Coca-Cola на база на кафе

Coca Cola BlakИзненадување за сите љубители на кафето и на братот по кофеин, Coca-Cola. Имено, Coca-Cola пушти на тестирање нов пијалок кој е комбинација од овие две напивки. Засега тестирањето се одвива само во Франција и во Феникс, Аризона.


Coca Cola BlakИзненадување за сите љубители на кафето и на братот по кофеин, Coca-Cola.
Имено, Coca-Cola пушти на тестирање нов пијалок кој е комбинација од
овие две напивки. Засега тестирањето се одвива само во Франција и во
Феникс, Аризона.

 

Производот е маркетиран како "стимулирачки микс кој има перфектен баланс од Coca-Cola и природни состојки, со вистинско кафе."

 

Од неодамна, Coca-Cola започна да се шири и на останатите пазари, посебно откако Pepsi го завзема пместото број еден компанија за производство на безалкохолни пијалоци. Ова е производ на Coca- Cola кој е очигледно наменет за возрасната популација.

 

Пијалокот има богат вкус, а помалку потсеќа и на кафе кога ќе се стави во чаша. "Овој производ е идеален за оној дел од денот кога луѓето сакаат да си ја обноват енергијата, или едноставно сакаат да се одморат" изјави Marc Mathieu, заменик претседател на Global Core Brands на компанијата Coca-Cola.

 

Во Пивара Скопје знаат за овој производ, но сепак не ни дадоа конкретна информација кога ќе биде достапен и на нашиот пазар.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola
- Реклама -