CNN: Не одете во Дубровник

Американската CNN објави листа на 12 туристички дестинации кои годинава треба да се избегнуваат. Таму горе, на високото 3-то место, е и Дубровник.

Дубровник во последниве години е една од омилените дестинации на американските туристи, а тоа е токму една од причините што УНЕСКО се закани дека ќе му го одземе статусот на светско наследство, наведува CNN, потсетувајќи дека од таа причина локалните власти во градот решија да воведат „драстични мерки“ за да го намалат бројот на туристи.

Така на пример, во Дубровник одлучија да го ограничат бројот на туристи на кои ќе им биде дозволено да се качат на прочуените градски ѕидини или да влезат во старото градско јадро – на 4.000 дневно. За споредба, во август 2016-та, имаше ден кога таа бројка достигна неверојатни 10.388 посетители, најголем дел привлечени од фактот што токму таму се снимаше серијата „Game Of Thrones“.

Градоначалникот на Дубровник го ограничи и бројот на крузери кои влегуваат во древната градска порта. Како што потсетува CNN, во 2016-та со крузери во градот дошле 800.000 посетители, од кои мнозинството останале одвај 3 часа.

Останати дестинации кои треба да се избегнуваат, барем според листата на CNN, се и: Барселона, Венеција, Санторини, Бутан, Таџ Махал, Монт Еверест, Мачу Пикчу, Галапагос,  Антарктикот и Isle of Skye (Шкотска).

Повеќе читнете на CNN.

- Реклама -